(ФОТО) Селена Гомез во тајна врска со Крис Еванс – по јавното признавање дека е заљубена во него!

Светските медиуми зујат за наводната тајна љубовна врска на Селена Гомез со актерот Крис Еванс, и тоа шест години откако таа јавно проговори за своите симпатии кон него.
Имено, по врската со Викенд, Селена не беше поврзана со ниту еден маж освен постојаната врска со Застин Бибер, меѓутоа, како што стојат работите, се чини дека таа сепак вплови во врска со еден од најпосакуваните момци во Холивуд, шест години откако призна дека негувала симпатии кон него.


Гласините за тајната врска помеѓу пејачката и актерот започнаа да кружат на почетокот на октомври, откако Крис и Селена, наводно, биле забележани како го напуштаат истиот ресторан во Лос Анџелес.
Иако двојката не била фотографирана заедно, снимките од папараците откриле дека парот бил на иста локација приближно во исто време, поради што некои обожаватели поверувале дека го напуштиле ресторанот одделно за да не предизвикаат никакви шпекулации.


Само неколку дена претходно, двојката беше забележана како го напушта истото студио, кое се чини дека само ги зацврсти теориите на обожавателите.
Набргу откако нивните заеднички фотографии од ресторанот беа објавени на Интернет, фановите забележаа дека актерот започнал да ја следи Селена на Инстаграм. Ова можеби нема да биде толку значајно, ако Крис не следеше само 200 луѓе на Инстаграм, па јасно е дека треба добро да размисли кого ќе следи на оваа социјална мрежа.


Да потсетиме, пред по првпат да започнат гласини за излегување на Селена и Крис, пејачката и актерка признала во шоуто „Live With Andy Cohen“ дека „се заљубила“ во Капетан Америка.

„Заљубена сум во Крис Еванс. Зарем не е симпатичен? Многу е убав“, рекла тогаш Селена.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што ја одредува СУДБИНАТА на човекот? Десет цитати од познат психолог кои можат да дадат одговор

Познат психолог открива што е тоа што, според него, ја одредува судбината на речиси секој …