(ФОТО) Ботас во Истанбул го прекина едногодишниот пост!

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, славеше на трката за ГН на Турција, 16-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Финецот ја забележа првата победа по една година на патеката „Истанбул парк“ во променливи услови, и јубилејната, 10 -та во кариерата.


Ботас мина низ целта со предност од околу 15 секунди пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. На двајцата на подиумот им се придружи уште еден возач на австрискиот тим, Серхио Перез.
Бранителот на титулата Луис Хамилтон го освои петтото место откако стартуваше од 11 -та позиција, и иако сакаше да ја заврши трката со истите гуми на кои стартуваше и со тоа потенцијално да стигне до подиумот, Мерцедес се одлучи за поинаква тактика.
Ботас возеше маестрална трка во Истанбул, тој водеше во најголем дел, а неговата прва позиција беше загрозена само кога Чарлс Леклер остана подолго на патеката, па дури и се обиде да не оди во боксот за да ги смени гумите. Сепак, грешките на Монегасканинот го чинеа многу, и пред да одлучи да тргне по нови гуми, возачот на Мерцедес рутински го претекна, а потоа ја заврши трката без проблеми.

Ферстапен возеше прилично осамена трка зад Ботас, бидејќи во ниту еден момент не можеше да го загрози, а само некое време се плашеше поради Леклер. Перез дојде до последното место на подиумот во дуел со возачот на Ферари, кој почна сериозно да губи чекор со новите гуми. Иако се чинеше дека и Хамилтон може да му се закани, седумкратниот светски шампион претрпе голем притисок од Пјер Гасли во болидот на Алфа Таури во самиот финиш, но успеа да се одбрани.

Британскиот возач беше најбрз во квалификациите во саботата, но беше преместен на 11 -та позиција поради замена на моторот со внатрешно согорување. Од почетокот на трката, тој се проби практично без никакви проблеми, иако Јуки Цунода направи се за да му ја отежни работата неколку круга, но остана заглавен зад Перез, на петтата позиција, пред мексиканскиот возач да замине во бокс. Кога сите тргнаа по нови гуми освен него, Хамилтон одржа место на подиумот, 10 секунди пред Леклер, но со многу полош ритам, поради што тимот го покани во бокс, и покрај противењето.

На крајот, Гасли заостана две и пол секунди зад Британецот, и покрај пеналот од пет секунди поради инцидентот на почетокот со Фернандо Алонсо. Три секунди зад Французинот беше Ландо Норис во Мекларен, пред возачот на Ферари, Карлос Саинс Јуниор, кој се истакна со одлично претекнување и пробивање по стартот одзади. Освојувачите на поени беа пополнети од Ленс Строл во Астон Мартин и Естебан Окон во болидот Алпина.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) As: Бензема има нов клуб. За две сезони ќе заработи 400 милиони евра

AS пишува дека Карим Бензема (35) е се поблиску до заминување од Реал Мадрид. Засега …