(ВИДЕО) Џејми Оливер ослабнал 12. килограми и им дава совет на другите: „Јадете помалку месо!“

Поговорката вели: „Никогаш не му верувај на слабиот готвач“, но Џејми Оливер не се согласува.
Готвењето сочинува голем дел од неговиот професионален и приватен живот, така што ова остави белег на неговата линија со текот на годините. Меѓутоа, славниот телевизиски готвач неодамна ослабна 12. килограми. Тој успеа со отстранување на само едно нешто од своето мени.
„Почнав да јадам помалку месо и повеќе зеленчук, повеќе спиев и се движев повеќе“, рекол тој во интервју за Radio Times.
Покрај тоа, тој се фокусираше на здрава исхрана и брзо ја забележал разликата.

„Јас всушност тие 12. килограми ги изгубив многу брзо, а не затоа што не јадев. Јадев многу повеќе отколку што бев навикнат”, додава тој.
Тајната била во замена на големи порции месо со повеќе зеленчук и јатки.
„Тоа е храна со која што треба да ги храните и вашите деца. Двојно го намалува ризикот од срцев удар”, советува тој.
Исто така, избегнувал алкохол и сега го пие само за време на викендите, а ги открил и алгите.
„Тие содржат многу јод и се најхранливите зеленчуци во светот“, тврди голиот готвач.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …