(ВИДЕО) Деветмесечно бебе е толку големо што мора да носи пелени за возрасни

Тиктокерката Џејн го има синчето Сони, кој носи пелени за возрасни, бидејќи е преголем за обичните, пелени за бебиња. Имено, Сони тежи 13,6 килограми на само девет месеци, што е просечната тежина на дете на возраст од две до три години.
„Ноќе, ова бебе премногу се навлажнува затоа што пие многу вода во текот на денот. Затоа му се навлажнуваат најголемите пелени, па ги носи оние за возрасни кои имаат проблеми со инконтиненција”, открила Џејд на TikTok.

@thejaydeuniverseGiant baby issues 🤣 almost 14kg (30 pounds) and 9 months. #bigbaby #baby #fyp♬ original sound – JAYDE


Снимката стана вирална и собра 2,2 милиони прегледи, а многумина се прашуваа со што Џејд го ​​храни момчето.
„Па, тоа е навистина големо бебе! Што јаде”, „Леле, а мислев дека моето деветмесечно момче е големо”, „Не, мамо, тоа не е бебе, тоа е маж”, се коментарите на некои.


@thejaydeuniverseReply to @stephaniezarb_ me a go fund me for my Chiro bills #fatbaby #chonk #fy♬ original sound – JAYDE


Имало и такви кои ја предупредиле дека пиењето многу вода може да биде симптом на дијабетес тип 1, така што треба на детето да му го провери нивото на гликоза во крвта. Џејд се заблагодарила за советот и рекла дека дефинитивно, во договор со педијатарот, ќе го подложи на тестови.

Фото: TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Британските лекари советуваат: Доколку имате проблеми со кардиоваскуларниот систем, внимавајте на внесувањето на суво овошје

Треба да внимавате ако имате проблеми со срцето Кардиоваскуларните болести го заземаат неславното прво место …