ПО СМРТТА НА 20. ГОДИШНА ДЕВОЈКА – Препорака на словенечки експерти: Вакцинирајте се само со Pfizer и Moderna

Експертската група на словенечката влада за коронавирус препорача вакцинацијата на населението во иднина да се врши првенствено со mRNA вакцини (Pfizer/BioNTech и Moderna), додека за употреба на векторските (Johnson & Johnson и AstraZeneca) ќе биде потребна писмена согласност на вакцинираните, објави Словенечката телевизија.
Според овој предлог, писмена согласност ќе биде потребна пред вакцинацијата со вакцината Модерна, но само за лица под 18 -годишна возраст. Веста во моментов е неофицијална, а предлогот допрва треба да го потврди владата, пренесуваат словенечките медиуми.

Девојка починала откако била вакцинирано со „Џонсон и Џонсон“
Оваа одлука беше донесена откако 20-годишна девојка почина на крајот на минатиот месец во Клиничкиот центар во Љубљана, две недели откако беше вакцинирана со вакцината Џонсон и Џонсон. Таа починала од мозочен удар, со сомневање дека станува збор за редок несакан ефект на вакцинација со векторска вакцина, по што привремено е прекината употребата на оваа вакцина во Словенија.



Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 838 нови инфекции, а двајца пациенти починале. Во моментов има 413 пациенти во болниците, а најмладиот има 26. години. 115 пациенти се сместени во единиците за интензивна нега во болниците за „Ковид“, најмладиот има 34. години, објави Министерството за здравство. Министерот Јанез Поклукар изјави дека се чини дека епидемијата стагнира, за што придонесоа построги ограничувања со задолжителни сертификати за ковид, и дека ситуацијата и ситуацијата во болниците без оваа мерка ќе бидат многу покритични.
Со потребните дози на вакцина во Словенија досега се заштитиле 1.033.141 лице, или 49 проценти од населението, објави владата. Со 14-дневна инциденца од 562 случаи на 100.000 жители, Словенија е една од епидемиолошки најризичните области во Европа и се наоѓа во темноцрвена зона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …