Студент по медицина кој се маскирал во дебела жена со потемна боја на кожа и фрлил киселина во лицето на поранешната девојка, вчера бил осуден на 15. години затвор.
Д р Рим Алауи е трајно изобличена откако нејзиниот поранешен колега и љубовник и фрлил киселина во лицето во ужасен, планиран и намерен напад што се случи на нејзиниот праг во Брајтон.
Милад Руф (25) се маскирал во дебела црнкиња, заѕвонил на вратата на поранешната девојка и и’ фрлил сулфурна киселина во лицето. Несреќната девојка се здоби со критични повреди на лицето, вратот и градите, го загубила видот на десното око, не можела да ги затвори очите или да го помести вратот.
Според обвинителите, Руф внимателно се подготвувал за нападот. Направил список на се што треба да направи и како да се маскира, што полицијата го пронашла во неговата куќа.
ACID ATTACKER JAILED
Milad Rouf has been sentenced to 11 years after he threw sulphuric acid over his former girlfriend while disguised as a woman.
The victim, who is in her twenties, was left with life-changing injuries.https://t.co/LIxPuue4pY
— Active Patriot UK (@ActivePatriotUK) October 7, 2021
Нападот бил планиран откако Алауи ја прекинала нивната кратка врска и се вратила дома во Брајтон по завршувањето на студиите во Кардиф. За неколку недели, Руф го реализирал својот план.
За време на изрекувањето на пресудата, судијата рекол дека киселината што Руф ја фрлил во лицето на бившата била толку концентрирана што ја излупила бојата од влезната врата.
Алауи во својата изјава рекла дека се плаши за својата иднина сега кога Руг и ја ускратил кариерата и уживањето во младоста.
A doctor has been given a 15-year sentence for throwing acid over another doctor in #Brighton after she ended their relationship. Read our report … https://t.co/oFXnN2dGWF pic.twitter.com/XiChIaaRA1
— Brighton & Hove News (@bhcitynews) October 7, 2021
„Животот ми се промени денот кога бев подложена на овој страшен напад. LЖивеам во болка и страв за иднината и финансиски проблеми … Не можам да одам на работа или да го живеам животот. Украдени ми се годините на кариера и младост. Психолошките последици за мене и моето семејство и најблиските се морничави“, вели Алауи, која работела како лекар во локалната болница.
По нападот, Руф ја фрлил својата маска во блиската канта за ѓубре и избегал кај своето семејство во Велс. Полицијата набрзо го пронашла, а од снимките на безбедносните камери од разни продавници во градот, ја составиле неговата рута.
Извор: Daily Mail