Денес се слави Светата првомаченичка Текла рамноапостолна: Денеска исполнува по една желба на жените, а доволно е само…

Денеска е празникот посветен на Света Текла, светителка од периодот на раното христијанство за која малку се знае меѓу православниот свет.

Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабошци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се завети да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе не ни гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судијата и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена. Тогаш, Текла тргна по светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија. Привлечен од нејзината надворешна убавина, еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак. Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на светата девица. Восхитен од ова, кнезот ја праша: „Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“ Текла му одговори: „Слугинка сум на живиот Бог.“ Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена. Потоа Текла, со благослов на светиот апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија. Овде таа се подвизуваше долго и, исцелувајќи болни со чудотворната благодат, мнозина ги обраќаше кон христијанство. Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ. Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа, се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб. За оваа чудесна светителка, светиот Јован Златоуст вели: „Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво“.


 


Им помага на верниците во невоља
Поради љубовта кон Бога која ја покажа за животот оваа светителка се зема како пример на сите кои сакаат да истраат во своите планови. Се верува дека токму Светата Текла им помага на сите оние кои на денешен ден ќе почнат да работат нешто, а ќе западнат во невољи. Доволно е само искрено да ја замолат и духовната помош ќе стигне.
Света Текла се смета за „првострадалничка“ меѓу жените и исто така нивна заштитничка. Народот смета дека денеска жените кои одат во црква и искрено ја молат светителката, ќе им биде исполнета една желба доколку искрено и длабоко посакаат и веруваат.
Инаку, дел од моштите на Света Текла се чуваат во Старата српска православна цркна на Башчаршија во Сараево.

Светиот крал Владислав
Син на кралот Стефан. Го изгради манастирот Милешево, каде што од Трново ги пренесе моштите на свети Сава. Се одликуваше со необична милосрдност кон бедните. На парите од негово време се потпишуваше: „раб Христов Владислав.“

Свети Стефан крал српски, првовенчан
Крунисан за крал во манастирот во Жича, од својот брат свети Сава. Побожен христијанин, мудар и мирољубив владетел. Заедно со својот брат го воздигна Православието меѓу својот народ до големо торжество. Според неговата желба, пред смртта, свети Сава го замонаши и му го даде името Симон. Се упокои во Господ на 24 септември 1224 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во Студеница.

Света Персида
Светата Персида беше добра, верна и посветена соработничка на апостолот Павле, во Римската Црква. Во своето послание до Римјаните, апостолот Павле ја нарекува љубена и праќајќи ѝ го неговиот поздрав, ги наведува и напорите што ги вложила во духовното служење, помеѓу членовите на Црквата, но и во сите други неопходни работи: „Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се погрижи за Господа“ (Рим, 16, 12).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Град Скопје обезбеди пристапни рампи во сите градски институции за лицата со попреченост

Обезбедена е пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции, но ова е само …