(ВИДЕО+ФОТО) По историската насловна страница за „Плејбој“, дел од семејството се откажал од неа!

„Верувам дека на многу луѓе им дадов храброст и сила“, вели таа.

Повеќекратниот светски, европски и параолимписки шампион во пливање, Германката Елена Кразвов (28) признала дека имала големи проблеми во животот, бидејќи била фотографирана за познатото машко списание „Плејбој“.
Имено, таа по потекло е од Казахстан, а дел од нејзиното семејство е од муслиманска вероисповед и многу конзервативно.
Токму тие го прекинаа секој контакт со неа по таа одлука.

Таа е првата параолимпијка на насловната страница на популарниот магазин, и одлучила да го направи овој чекор токму поради промоцијата на параолимпијците:
„Доаѓам од Казахстан, која е муслиманска и многу конзервативна земја. Кога ме сликаа за ‘Плејбој’, дел од моето семејство, од кои некои се длабоко религиозни муслимани, се уште не разговараат со мене. Но, пораката зад овие фотографии ми беше многу поважна отколку што мисли дел од моето семејство за тоа. Верувам дека на многу луѓе им дадов храброст и сила”, рекла пливачот за германски “Abend Zeitung”.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хоророт што го преживеала оваа жена не би му го посакале ниту на најлошиот непријател: Била силувана осум часа, а потоа полиена со киселина!

Кејти Пајпер била мис и модел на врвот на нејзината кариера кога нејзиното момче најмило …