Не излегувајте без чадор: Еве какво време да очекуваме до недела!

Есента не се шегува и полека го зазема својот простор, а еве што најавува УХМР за наредните 5. дена: Под влијание на влажна воздушна маса од денес следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.
Денеска (среда) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.Дневните температури ќе се движат од 14. до 20. степени.
Утре (четврток) ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Во западните и југозападните делови на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2), проследени со повремено засилен југоисточен ветер.
Во петок се очекува облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2) и поројни, проследени со повремено засилен југоисточен ветер.Минимална температура: 8°C до 13°C. Максимална температура: 11°C до 16°C.
Во сабота ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минимална температура: 7°C до 13°C. Максимална температура: 11°C до 17°C.
За недела се најавува променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минимална температура: 5°C до 10°C. Максимална температура: 11°C до 16°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е голем празник – Крстовден: Кој се крсти со крст тој на Крстовден пости – Утрешниот ден ќе ни покаже каква зима не чека!

Македонската православна црква и верници на 27. септември слават есенски Крстовден, денот кога е пронајден …