Оптимално ниво на шеќер во крвта што го намалува ризикот од мозочен или срцев удар

Една нова студија открива идеално ниво на шеќер во крвта за да се намали ризикот од разни видови васкуларни заболувања, како што се мозочен или срцев удар.
Истражувањето е објавено во Neurology,, списание на Американската академија за неврологија.
„Знаеме дека дијабетесот може да биде поврзан со зголемен ризик од мозочен удар“, вели авторот на студијата Мун-Ку Хан, доктор на Медицинскиот факултет во Универзитетот во Сеул.
„Нашите резултати покажуваат дека постои оптимално ниво на шеќер во крвта што може да го намали ризикот од мозочен удар, срцев удар или други проблеми со крвните садови, а тоа е точно во опсег од 6,8 до 7,0 проценти“, додал тој.
Студијата опфатила 18.567 луѓе со дијабетес со просечна возраст од 70. години. Сите учесници биле примени во болница поради мозочен удар, кој бил предизвикан од згрутчување на крвта. По приемот, научниците користеле тест наречен хемоглобин А1С за да го одредат просечното ниво на шеќер во крвта на луѓето во последните два до три месеци. Нивоата под 5,7 се сметаат за нормални; 6,5 или повеќе укажува на дијабетес. Учесниците имале просечно ниво од 7,5.


Истражувачите една година подоцна откриле дали постои врска помеѓу нивото на шеќер во крвта и ризикот од повторен мозочен удар, срцев удар или смрт од овие или други васкуларни причини.
Од сите учесници, 1.437, или околу 8 проценти, имале срцев удар или умреле од васкуларни заболувања во рок од една година по студијата, а 954, или 5 проценти, имале втор мозочен удар.
Студијата покажала дека луѓето кои биле примени во болница со ниво над 6,8 до 7,0 имале зголемен ризик од васкуларен настан како што е срцев удар, како и друг мозочен удар.
„Нашите наоди укажуваат на важноста од внимателно следење на шеќерот во крвта доколку сте дијабетичари и сте имале мозочен удар“, рекол Хан.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Постојат три причини зошто сексуалниот однос станува подобар со текот на годините

Луѓето мислат дека со возраста, сексуалната желба и моќ се намалуваат и дека сексуалните односи …