Дневен хороскоп за понеделник, 04.10.2021: Треба да разберете нечија емоционална слабост или неспособност да ги исполните вашите очекувања. Не бидете премногу строги…

Овен
Љубов:
Нема потреба да се оптоварувате со туѓи коментари. Бидете дарежливи кон саканата личност.
Работа:
Не можете да го преземете водството или да објавувате нови услови. Некој друг одлучува за заедничките интереси.
Здравје:
Избегнувајте дополнителни обврски кои премногу ве заморуваат.

Бик
Љубов:
Позицијата на Месечината влијае на вашата емоционална и ментална чувствителност. Потешко од вообичаеното, ги разликувате субјективните желби од реалните можности.
Работа:
Новите обврски ги доживувате како голем товар. Треба да ја анализирате комплетната ситуација на деловната сцена од одредена дистанца.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација и опуштање.


Близнаци
Љубов:
Ќе уживате во средбата со блиска личност. Некој во вас започнува синџир на позитивни асоцијации и нови емоционални желби.
Работа:
Чувствувате мала резигнација, бидејќи деловните настани не одат во посакуваната насока. Сепак, не дозволувајте несигурноста да преовладува кај вас.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со „тешки мисли“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вашиот идеален партнер според хороскопот?

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …