ХУМАНОСТ – Ким Кардашијан донирала пари на самохрана мајка која поради короната ја загубила работата

Реалната ѕвезда Ким Кардашијан донирала пари за самохрана мајка на четири деца, која се соочува со губење на покрив над главата.
Ким донирала 3.000 долари за GoFundMe формиран за Анѓелија Кантрел, која го загубила својот сопруг но и работа за време на пандемијата на корона вирусот.
Анѓелија, на која Кардашијан и донирала пари, како што посочила, била изненадена од нејзината великодушност, која следувала кога и преостанувале само неколку часа да го спаси својот дом.
„Кога ја видов донацијата од Ким Кардашијан, буквално паднав на подот во солзи“, рекла жената.
Благодарение на донацијата на Кардашијан, Анѓелија собрала 4.335 долари, а и требале вкупно 8.000 долари.
Во декември минатата година, Ким им помогна на 1.000 луѓе кои се најдоа во тешка ситуација за време на празниците среде пандемија на корона вирусот, донирајќи по 500 американски долари преку CashApp.
„Ова е најубавото време во годината. Знам дека 2020 година беше навистина тешка и луѓето се мачат, загрижени како ќе ја платат киријата, ќе стават храна на масата или подарок под дрвото за своите деца. Сакам да ширам љубов со испраќање на 500 долари на 1.000 луѓе“, напишала таа тогаш на Твитер.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …