(ФОТО) Познат тиктокер (19) загинал во стравична несреќа – бегал од полицијата!

Габриел Салазар (19) , познат тиктокер со повеќе од два милиони следбеници, загинал во сообраќајна несреќа по полициска потера, објави канцеларијата на шерифот на округот Завала во Тексас.
Полицаец од Кристал Сити пријавил „сообраќаен метеж“ и тргнал во потрага по бела „Камара“, се наведува во соопштението. Заменик шерифот и полицаец безуспешно,со уред за бушење гуми, се обиделе да го сопрат автомобилот во бегство
Автомобилот излетал од патот, удрил во неколку дрвја, се превртел и се запалил. На фотографијата од канцеларијата на шерифот се гледа како остатоците се зафатени од пламен.
Салазар го објави своето последно видео на популарната платформа на 23. септември и е прегледано повеќе од 12. милиони пати.

На фотографија на Инстаграм објавена непосредно пред страшната несреќа, тој позира со автомобилот во кој беше повреден.

Другите жртви на несреќата се идентификувани како Хозе Луис Хименез-Мора (41), Хозе Молина-Лара (23) и Серхио Еспиноза-Флорес (36).

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …