(ВИДЕО) Наскоро „Гладијатор 2“ – режисерот го потврдил продолжувањето на филмот

Она што долго време се шпекулираше сега е потврдено – во почетокот на 2022 година, Ридли Скот ќе започне со подготовките за снимање на филмот „Гладијатор 2“.
„Веќе имам завршено сценарио за продолжување на филмот. Штом ќе завршам со работа на филмот ‘Kitbag’, се фрлам на снимање на” Гладијатор 2″- изјави Ридли Скот (83) во интервју за Empire, најавувајќи продолжување на филмскиот хит од 2000. година.
Главната улога ја имаше Расел Кроу, кој го играше генералот Максимус Десиди Мериди, пријател на императорот Маркус Аурелиј, кој беше предаден и убиен од неговиот амбициозен син Комодус. Филмот, во кој Максим се пробива преку гладијаторска арена за да се одмазди за убиството на неговото семејство и царот, освои пет Оскари пред 21 година, вклучувајќи го и оној за најдобар филм.


Продолжението на култниот филм се најавува со години, а странските медиуми шпекулираат дека приказната на филмот ќе се фокусира на Луциус, синот на Лусила, играна од Кони Нилсен во „Гладијатор“.
Луциј е внук на Комодус (го игра Хоакин Феникс во 2000 година) римски водач кој беше убиен од Максимус, а „Гладијатор 2“ ќе следи што ќе се случи со Луциус кога ќе порасне. Инаку, Луциус го играше Спенсер Трит Кларк пред 21 година, но не е познато дали актерот ќе го глуми и возрасен херој.
Ридли Скот во моментов не сака да открива детали, а се ќе биде појасно на крајот на годината, кога неуморниот режисер ќе заврши други филмски проекти. А не е дека му недостасуваат.


Затоа што, за почеток, Скот овој месец ќе го претстави филмот „House of Gucc“ со Лејди Гага, Адам Драјвер, Ал Пачино и Џаред Лето.
Потоа, во ноември, Скот ја има премиерата на филмот „The Last Duel“, историски спектакл, кој се случува во 14 век. Главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон и Бен Афлек.
После тоа, режисерот ќе се посвети на филмот „Kitbag”“, во кој Хоакин Феникс го игра Наполеон Бонапарта, а Џоди Кормер ја игра неговата Џозефина. Кога се ќе заврши, Скот ќе се посвети на „Гладијатор 2“.
„Штом ќе завршам со Наполеон, ќе бидам подготвен да се вратам во антички Рим“, рекол режисерот.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …