(ВИДЕО) Надреалната снимка на ОГРОМЕН алигатор како ЈАДЕ друг никого не оставил рамнодушен!

Тејлор Сопер, Американка од Јужна Каролина, на социјалните мрежи сподели видео од огромен алигатор како голта друг помал роднина, а многу корисници биле изненадени од големината на рептилот.
Видеото ги прикажува задните нозе и опашката на помалиот алигатор што излегуваат од вилиците на огромен алигатор, половина потопен во езерцето.
За неколку секунди, помалиот роднина цел завршил во стомакот на џинот.


Видеото е прегледано повеќе од 4. милиони пати на Твитер откако Тејлор Сопер го сподели со коментар: „Ова се случи во дворот на моите родители. Ужината беше алигатор долг два метри “.
Тејлор за USA Today изјавила дека сцената се случила во округот Хори, Јужна Каролина. Нејзиниот татко седел во куќата кога низ прозорецот видел што се случува, па го земал телефонот и снимил што може.
Како што вели, ова не е првпат да видат поголем алигатор како јаде помал.
Многу луѓе на социјалните мрежи биле шокирани од големината на алигаторот.
„Тоа што живеете до диносаурус ми е потполно лудо“, „Се уште мислите дека тоа е ваш двор?“, се само некои од коментарите на видеото.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Означете го овој датум: Доаѓа најсреќниот ден во декември, добро искористете го

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …