(ФОТО) Стинг денес наполни 70. години – искуси развод, смрт на родителите а сега е еден од најбогатите Британци

Покрај тоа што беше еден од најпознатите светски музичари со кариера над 40 години, Стинг, исто така, доживеа сиромаштија, го надмина разводот и се соочи со депресија и параноја. Покрај сето тоа, стигна и до листата на петстотини најбогати Британци.
Гордон Метју Томас Самнер, роден на 2. октомври 1951. година во Волсенд, североисточна Англија, денес полни 70. години. Песните на славниот Стинг одбележаа нечија младост, нечии убави моменти, но неговата кариера беше испреплетена со многу предизвици.
Тој беше најстариот во семејството, имаше три помали браќа и сестри, Филип, Анѓела и Анита. Како дете, Стинг често му помагал на својот татко при утринското доставување млеко, а уште од рана возраст исто така било забележано дека ужива во музиката.
Неговиот чичко оставил стара шпанска гитара кога се преселил во Канада, а на неа подоцна тој научил да свири, да пее и да ги сонува своите соништа.


View this post on Instagram

A post shared by STING (@theofficialsting)


Оделе во гимназијата „Сент Катбертс“ во Њукасл на Тајн, а потоа се запишал на Универзитетот Ворвик во Ковентри, кој го напуштил по само еден семестар.
Тој бил многу заинтересиран за музика, свирки и бендови, често посетувал ноќни клубови каде ги гледал настапите на разни музичари како Џек Брус и Џими Хендрикс, уметници кои подоцна значително ќе влијаат на неговиот музички развој и стил.
Пред сето она што го стекна денес, работел како кондуктер во автобус, градежен работник и даночен службеник, а по краткиот курс во Алнвик, го добил звањето школски учител.
Одлучен и решен да ги оствари своите соништа, Стинг се обидувал да одржува настапи каде што можел најде работа. Каде, не било важно, само да свири!


Во 1977. година, тој се преселил во Лондон, каде со Стјуарт Коупленд и Хенри Падовани, кој наскоро беше заменет со Енди Самерс, ја основаа групата „The Police“, која издаде пет албуми помеѓу 1978. и 1983. година.
Иако се прослави со групата The Police, Стинг исто така беше исклучително успешен во соло кариерата. На неговите обожаватели не им беше грижа дали е сам или во група, се додека можат да уживаат во големите хитови и неговиот прекрасен, мажествен глас.
Во 1982. година го издаде соло синглот „Spread a Little Happines“, а во 1985. година неговиот прв соло албум „The Dream of the Blue Turtles“. Со следниот албум „Nothing Like the Sun“, неговата популарност достигна речиси неверојатни размери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пораката на Сара Џесика Паркер за стареењето ќе влијае на вашата перспектива за убавината: „Не ја гледам смислата во обидот да не го прифатите одминувањето на времето“

Сара Џесика Паркер има 57 години и се чувствува одлично во шестата деценија. Актерката истакнува …