Утрински навики на луѓето кои живеат најдолго

Дали знаевте дека во некои делови на светот луѓето живеат подолго? Овие области се нарекуваат сини зони. Ова име првпат го користел авторот Ден Бутнер, кој во своето истражување ги означил таквите области на картата со сини кругови.
Жителите на сините зони често живеат до 90. и дури 100. години. Покрај долг животен век, тие се карактеризираат и со добра физичка форма, како и ментално здравје. Некои од овие области се островот Икарија во Грција, Калифорнија во Соединетите држави, Окинава во Јапонија, полуостровот Никоја во Костарика и Сардинија во Италија.
По долгогодишно истражување на овие области, Бунер заклучил дека сите жители имаат две заеднички работи: добри здравствени навики и социјална вклученост.

loading...

Процесот на стареење не може да се запре, но ова се начини на кои можете да придонесете за подолг живот.

Пијте кафе или чај
Луѓето во сините зони пијат до три шолји кафе наутро. Како што одминува денот, тие преминуваат на чај, а по пет часот попладне на вино. Покрај тоа што помага да се одржи телесната тежина, кафето и чајот го снабдуваат телото со хранливи материи кои го забавуваат стареењето и помагаат да се намали ризикот од хронични заболувања. Пиењето на овие пијалоци се прави во друштво, што изгледа катарзично и релаксирачки.


Појадокот е задолжителен
Не јадеме ниту пиеме во текот на ноќта, па затоа сме гладни и жедни наутро, дури и ако тоа не го чувствуваме. На нашето тело му треба вода за да ги започне своите процеси, затоа чаша вода треба да биде првото нешто што ќе го внесете веднаш штом ќе се разбудите. Со храната внесуваме „гориво“ за да го започнеме денот и утринскиот оброк треба да биде обилен и разновиден.


Утринска рутина против стрес
Луѓето во сините зони спијат кога се чувствуваат поспани и се будат без будилник. Така, тие го избегнуваат стресот, кој се смета за тивок убиец и прави значителна штета на нашето тело. Воспоставувањето утринска рутина ни помага да бидеме поуспешни и поефикасни, и многу успешни луѓе тврдат дека се будат пред пет наутро и не чувствуваат стрес. Некои истражувања, исто така, покажале дека утринските луѓе живеат подолго од оние кои имаат навика да остануваат будни до доцна и да го преспијат утрото.

Спијте доволно
Ноќните птици обично не си дозволуваат доволно спиење, имајќи предвид дека на возрасно лице му требаат најмалку шест, и идеално осум часа дневно. Исклучете ги екраните пред спиење, оставете да ве разбуди природната утринска светлина и избегнувајте прекумерна физичка активност пред спиење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е голем празник – Крстовден: Кој се крсти со крст тој на Крстовден пости – Утрешниот ден ќе ни покаже каква зима не чека!

Македонската православна црква и верници на 27. септември слават есенски Крстовден, денот кога е пронајден …