Експертите ја препорачуваат оваа храна за здравјето на цревата

Можеби забележавте дека во последно време, се’ повеќе производители ја нагласуваат количината на влакна на пакувањето на нивните прехранбени производи. Ова не е случајно и сигурно не е лош или штетен маркетиншки потег.
Најновите истражувања покажаа дека повеќе од 70. проценти од нашиот имунолошки систем зависи од дигестивното здравје. Може да се каже дека грижата за органите за варење е грижа за општата здравствена состојба на организмот.

Како растителните влакна помагаат во здравјето на цревата?
Познато е дека влакната ни помагаат во варењето. Сепак, постојат голем број други придобивки, како што се намалување на нивото на холестерол, намалување на ризикот од дијабетес и дебелина и одржување тежина.


Постојат два вида влакна, растворливи и нерастворливи, а ни требаат и двете. Растворливите апсорбираат вода и нивната структура потоа станува слична на гел, кој ги храни добрите бактерии во нашите црева. Помагаат и при дијареа. Извори на растворливи влакна се јатки, семки, мешунки, разни видови грав и овес.

 


Нерастворливите влакна се несварливи и минуваат низ нашето тело релативно непроменети. Тие придонесуваат за побрзо варење и промовираат чистење на цревата од токсини. Тие помагаат при запек и го балансираат метаболизмот. Храната богата со нерастворливи влакна се целиите житарки, овошје и зеленчук.


Пребиотици и пробиотици
Скоро секој има слушнато за пробиотици, здрави бактерии кои живеат во нашите црева и се поврзани со големи здравствени придобивки. Важно е да имате повеќе здрави од нездрави бактерии. Пробиотиците се наоѓаат во ферментирана храна како јогурт, кефир или комбуха.
Пребиотиците се претежно составени од влакна, главно растворливи. Богати со отпорен скроб, добар извор на пребиотици се зелените банани.

Колку влакна ни се потребни дневно?
Се советува жените да консумираат 25. грама влакна дневно, а мажите 38. грама. За жал, повеќето луѓе земаат околу половина од препорачаната дневна количина.
Внесот на влакна може да биде лесен затоа што има толку многу вкусни извори, а на оваа листа сигурно ќе најдете некои што со задоволство ќе ги внесете во вашата редовна исхрана: брокула, овес, бобинки, мешунки, пуканки, круши, авокадо, бриселски зелки, чиа семе, бадеми, млад грав, сладок компир, јачмен, артичока и манго.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …