Овие десет лоши навики влијаат на УСПОРУВАЊЕ НА МЕТАБОЛИЗМОТ

Обрнете внимание на секојдневните рутини, тие можат да бидат причина за бавниот метаболизам.

Јадете премногу малку калории
Јадењето премногу малку калории може да го забави метаболизмот. Иако губењето тежина бара дефицит на калории, може да биде контрапродуктивно ако внесот на калории падне премногу ниско. Кога драматично го намалувате внесот на калории, вашето тело чувствува дека добива многу малку храна и ја намалува стапката на согорување калории.

Премногу седите
Седењето може да доведе до значително намалување на бројот на калории што ги трошите секој ден. Многу луѓе го поминуваат поголемиот дел од денот седејќи, особено оние кои работат канцелариска работа, а тоа може да има негативен ефект врз метаболизмот и општата здравствена состојба.

Газирани сокови и пијалоци засладени со шеќер
Пијалоците засладени со шеќер се штетни за здравјето. Прекумерната потрошувачка може да доведе до разни болести како што е дијабетес. Негативниот ефект на пијалоците засладени со шеќер може да се припише на фруктоза.

Низок внес на протеини
Добивањето доволно протеини е важно за постигнување и одржување на здрава тежина. Покрај тоа што помага да се чувствувате сити, високиот внес на протеини може значително да ја зголеми брзината со која вашето тело троши калории.

Недоволно сон
Спиењето е исклучително важно за добро здравје. Ако спиете помалку, помалку од она што ви треба, може да го зголемите ризикот од многу болести, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес и депресија.
Неколку студии забележуваат дека несоодветниот сон може да ја намали стапката на метаболизам и да ја зголеми веројатноста за зголемување на телесната тежина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …