5. најголеми ризици за дијабетес тип 2

Дијабетес тип 2 влијае на се’ повеќе луѓе, и многумина за жал не знаат кои се раните знаци или факторите на ризик што придонесуваат за него. Дијабетес тип 2 се јавува кога клетките на телото не можат правилно да ја користат гликозата бидејќи се отпорни на инсулин или панкреасот не произведува доволно инсулин колку што му е потребно на телото. Дијабетес тип 1 се јавува кога клетките што произведуваат инсулин во панкреасот се уништени од имунолошкиот систем на телото.

Кој се разболува најчесто?
Дијабетес тип 2 најчесто ги погодува луѓето на возраст над 40. години, иако се повеќе млади луѓе ја добиваат болеста, па дури и зголемен број деца. Истражувањата сугерираат дека дијабетесот тип 2 може да се спречи или одложи со свесност за факторите на ризик и промени во животниот стил.
Фармацевтот Бринли Хоскинг вели дека иако постојат фактори што не можеме да ги смениме (како семејна историја и стареење), постојат голем број начини на кои можеме да дејствуваме за да ја намалиме шансата за заболување.
„На пример, откажување од пушење, јадење овошје и зеленчук секој ден, најмалку 30 минути физичка активност најмалку пет дена во неделата“, објаснува таа. Ова се петте основни ризици за развој на дијабетес тип 2.

Дебелината
Масното ткиво може да ги направи вашите телесни клетки поотпорни на инсулин и, колку подолго сте дебели, толку е поголема шансата за развој на оваа болест. Редовното консумирање на масна храна, големи количини шеќер и сол и недостаток на влакна во исхраната може да придонесе за оваа состојба, како и недостаток на физичка активност.

Висок крвен притисок и лош холестерол
Едно американско истражување го поврза високиот крвен притисок со поголем ризик за дијабетес тип 2 поради некои процеси кои ги предизвикуваат и двете состојби, како што се воспалителни процеси. Покрај тоа, ако имате ниско ниво на добар холестерол, ризикот за дијабетес тип 2 е уште поголем. Причината е акумулација на масна плакета во артериите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …