Што за автофагијата сознале лекарите од Калифорнија?

Лекарите од Калифорнија веруваат дека диетата што ја практикуваат се повеќе познати личности може да помогне во спречување на срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Џенифер Анистон и Бенедикт Камбербач се едни од познатите фаци кои повремено се ставале на пост (автофагија) за да изгубат вишок килограми.
Најпопуларната форма е 16:8, во која се пости 16 часа дневно, а се јаде осум. Друг режим кој е доста распространет е нормалното јадење пет дена, а постот следните два дена.

Калифорниските научници велат дека овој начин на исхрана е подобар и поедноставен отколку само броење калории.

„Луѓето кои се обидуваат да ослабат и живеат поздраво треба да внимаваат кога јадат, како и што јадат. Ако јадењето е ограничено на одреден опсег на часови дневно, резултатите ќе бидат тука без премногу размислување за внесените калории и фрустрацијата што може да произведе таков систем. Повремениот пост, исто така, може да го подобри спиењето и квалитетот на животот, како и да го намали ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања“, вели професорот Понда, автор на студијата.
Научниците веруваат дека јадењето без такви ограничувања ја нарушува синхронизацијата на нашето варење, што не доведува во ситуација на поголема изложеност на болести.

„Повремениот пост е начин на живот што секој може да го прифати“, смета професорот Понда.

Една од славните личности која се колне во повремениот пост, Џнифер Анистон, рекла дека не појадува и наутро пие само течности, а јаде нешто дури пред крајот на денот. Бенедикт Камбербач рекол дека го претпочита системот 5: 2, во кој јаде 5 дена и пости 2 дена. Тој ја вовел оваа диета за слабеење за улогата на Шерлок Холмс.

Сепак, научната и медицинската заедница се уште се поделени околу тоа колку автофагијата всушност придонесува за губење на тежината, бидејќи различни студии даваат различни резултати, затоа се потребни дополнителни анализи од различни агли.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …