(ФОТО) Кралското семејство НЕПРЕПОЗНАТЛИВО – без обезбедување седнале во парк на ручек!

Вилијам и Кејт биле слика на семејно блаженство додека вчера уживале на ручек со своите деца.
Двојката изгледала опуштено додека седела на дрвена маса во паркот, со принцовите Џорџ и Луис, како и принцезата Шарлот, додека грицкале чипс и плескавици.


View this post on Instagram

A post shared by KEMBRICISTAN (@kembricistan)


Семеен пикник
Семејството, вклучувајќи го и црниот шпаниел, вчера уживало во класичен англиски ручек во Норфолк.
Двојката поминала квалитетно време со своите деца во срдечна сцена што ќе ја препознаат семејствата низ целата земја. Наследникот Вилијам уживал во хамбургер и чипс – и покажувајќи се како модерен татко, брзо утешил едно од малечките кога се покажало дека храната е премногу жешка.
Сите биле лежерно облечени, па Кејт ја врзала косата во коњско опавче, додека од облека избрала тенок џемпер, панталони и патики.


Како и секое друго семејство
Додека принцот Вилијам присуствуваше на „Денот на итните служби во Лондон“, каде доделил награди, како и посети на младински фудбалски тимови. Еден сведок рекол: „Беше неверојатно да се види колку е приземно семејството. Би било лесно да ги пропуштите – и да претпоставите дека тоа е кое било друго семејство. Се смееја и разговараа и очигледно уживаа во друштвото“.

Сведокот додал: „Јадеа надвор, претпоставувам затоа што им беше полесно на децата. Немаше обезбедување во близина, тие само се почестија како и секое друго семејство. Вилс имаше хамбургер и чипс. Со нив имаа милениче, шпаниел и сите се смееја. Имаше еден особено трогателен момент кога едно од децата се вознемири бидејќи нивната храна беше премногу жешка. Вилијам брзо го смири и го среди. Тоа беше фантастично да се види“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …