(ФОТО) Анџелина Џоли фатена на вечера со 15. години помладиот музичар – дали сепак приказните за нивната романса се вистинити?

Анџелина Џоли и The Weeknd биле фатени на заедничка вечера, по што отишле во неговата луксузна вила на Бел-Ер.
Американската актерка Анџелина Џоли беше снимена како излегува на вечера со музичарот The Weeknd во познат ресторан во Санта Моника, само неколку месеци откако почнаа да кружат гласини за нивната романса, која се уште не е официјално потврдена.
Но, 46-годишната Анџелина и 31-годишниот The Weeknd очигледно се’ почесто се дружат и во приватниот дел на ресторанот останале два часа, така што никој не можел да им пречи. Пристигнале одделно, но сепак одлучија заедно да го напуштат ресторанот и да се возат до неговата вила во Бел-Ер, се’ снимено од папараците што ги чекале пред влезот.

Погледнете ги нивните заеднички фотографии ТУКА

The Weeknd, инаку со вистинското име Абел Тесфаје и Анџелина за прв пат беа видени заедно во јавноста во Лос Анџелес кон крајот на јуни оваа година, кога се нашле во Санта Моника, но потоа одделно си отишле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

За многумина тоа беше изненадување бидејќи до сега не се знаеше дека се поврзани со какво било пријателство и веднаш се појавија гласини дека има нешто повеќе од тоа меѓу нив. Но, интересно, музичарот ја споменал во една од неговите песни и ја споредил со неговата поранешна девојка Селена Гомез. Интересно е и тоа што Селена се поврзуваше со поранешниот сопруг на Анџелина, Бред Пит уште во 2016. година, додека тие се уште беа во брак, по што The Weeknd ја објави песната „Party Monster“ во која ги споменува и двете и им ги споредувал усните.

Анџелина неодамна беше поврзана со нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер, бидејќи беше снимена неколку пати како влегува и излегува од неговиот стан, се додека бракоразводната парница со Бред се уште официјално не е завршена.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …