(ФОТО) Во Норвешка, се прослави укинувањето на мерките: Организирани забави, имало тепачки и повредени

Норвежаните го прославија крајот на мерките за коронавирус со неколку викенд забави: ноќните клубови и пабови беа полни, и на многу места атмосферата била дива.
Во градот Трондхајм, на неколку луѓе им била потребна медицинска помош бидејќи се онесвестиле додека чекаа во долги редици.
Неколку градови пријавиле тепачки, повреди и апсења, објави во неделата јавната телевизија НРК.
„Имаше прекршоци, насилни инциденти и тепачки“, рекол Руне Хеккелстранд од полицијата во Осло.

Масовна тепачка
Неколку луѓе биле уапсени за поседување оружје, а некои беа тешко повредени.
Во градот Тонсберг, јужно од главниот град, изби масовна тепачка во пристаништето, а во југозападниот регион Агдер, вкупно 12 лица беа уапсени за немирите.
Норвешка во саботата ги укина огромното мнозинство мерки против коронавирусот.
Меѓу другото, правилата за физичка дистанца повеќе не се применуваат, а ограничувањата за бројот на учесници на настани и собири се отфрлени.
Останува само барање за карантин во случај на инфекција. Ограничувањата за влегување исто така се повлекуваат постепено.
Во споредба со другите земји, Норвешка релативно добро мина во пандемијата.


Фото: Принтскрин/
https://www.instagram.com/explore/tags/norwegen/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …