(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон во Сочи до 100 -та победа, Норис се коцкаше со дождот

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше во трката за Големата награда на Русија. Британецот во Сочи стигна до 100 -та победа во кариерата. Така тој стана првиот возач во историјата кој стигна до победата број 100.

Ландо Норис го држеше првото место во поголемиот дел од трката, но една погрешна одлука при промена на временските услови во Сочи го чинеше победи и го отвори патот за Хамилтон да стане првиот возач со трицифрен број на триумфи.
Второто место го освои Макс Ферстапен (+53,271) од Ред Бул Рејсинг, кој стартуваше од последната позиција, а трет беше возачот на Ферари, Карлос Саинц.

Даниел Рикардо беше четврти, Валтери Ботас петти, а Фернандо Алонсо шести.
Ландо Норис заврши на седмото место, што, како што се испостави, ги потцени временските услови, со надеж дека неколку капки дожд, кои ги забележа и ги извести на тимот неколку круга пред крајот, дека нема да се претворат во целосна поплава на патеката во Сочи.

Првите 10 ги комплетираа Кими Раиконен и Џорџ Расел.
Водечки во генералниот пласман е Луис Хамилтон, следен од Макс Ферстапен. Трет е уште еден возач на Мерцедес, Валтери Ботас, додека Ландо Норис е на четвртото место.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …