Ландо Норис ја освои пол -позицијата во квалификациите пред неделната трка за Големата награда на Русија.
Норис стигна до првата стартна позиција во последниот круг од возбудливите квалификации. Три минути пред крајот на Q3 делот од квалификациите, Луис Хамилтон имаше најдобро време, но на крајот во Сочи ќе стартува од четвртата стартна позиција.
Хамилтон го оштети предниот дел на болидот откако влезе во боксот пред финишот на квалификациите, откако удри во оградата.
POLE FOR LANDO NORRIS! 😮👏#RussianGP #F1 pic.twitter.com/Lg0FCljRDr
— Formula 1 (@F1) September 25, 2021
Затоа спектаклот на крајот од квалификациите ни го приредија Норис, Сајнс и Расел.
Се чинеше дека Карлос Сајнс можеби е на пол -позицијата, но Норис беше тој на кој што најмногу му се исплатеше вистинската трка во квалификациите.
Пласманот на крајот е следниот – Норис беше најбрз, потоа Карлос Сајнс, Џорџ Расел, Луис Хамилтон и Даниел Рикардо на петтата позиција.
Првите десет ги комплетираа Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перез и Естебан Окон.
Водечкиот во генералниот пласман, Макс Ферстапен ќе стартува од последното место поради казната што ја доби за промена на погонската единица.
🏁 TOP 10 – END OF Q3 🏁
1 NOR 📸
2 SAI
3 RUS
4 HAM
5 RIC
6 ALO
7 BOT
8 STR
9 PER
10 OCO#RussianGP #F1 pic.twitter.com/VvLG9DSvSL— Formula 1 (@F1) September 25, 2021
Фото: Принтскрин/Twitter