ОТКАЗ ЗА НАСТАВНИЧКА ОД МАРИБОР: Активистка против вакцина одбила да биде имунизирана и тестирана за корона вирус

На наставничка во Основно училишта во Марибор и била врачено решение за престанок на работниот однос бидејќи одбиле да бидат тестирана или вакцинирана против Ковид-19, што е прв таков случај откако владата ги заостри анти-епидемиските мерки поради ширењето на вирусот, пренесуваат денес словенечките медиуми.

На наставничката и е одредена привремена забрана за работа од почетокот на учебната година бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование, а сега е отпуштена.
Таа има право на жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.



Според извештаите на медиумите, наставничката била активна во групата против вакцинација, која неодамна провалила во студиото на информативната програма, барајќи прекин на „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, и преку видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта“, пренесува Hina.
Директорката на училиштето, Катја Прегл, за мариборскиот весник „Вечер“ изјавила дека е отпуштена поради кршење на работните обврски, со оглед на тоа што одбила да носи маска во затворени простории и не ги исполнува таканаречените услови за PCT (преболени, вакцинирани, тестирани) што важи за вработените во училиштето да можат да работат.
Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар изјавил дека условот за PCT поставен од владата со ограничувања веќе „дава резултати“, бидејќи бројот на новозаразени лица стагнира во последните денови.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …