Драмата „Вистинскиот запад“ од наградуваниот автор Сем Шепард, утре и во понеделник, премиерно во МКЦ

Официјално, за прв пат во нашата земја, најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард – „Вистинскиот запад“ ќе биде одигран на 26-ти (недела) и 27-ми (понеделник) септември од 20. часот, во МКЦ.
Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува.


Играат:
Томислав Давидовски
Марјан Наумов
Мартин Манев
Тања Кочовска
Текст: Сем Шепард
Режија: Борис Василески
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Костимографија: Симона Даноска
Извршен продуцент: Ава Хусеини
Превод од англиски јазик: Марио Стојаноски
Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски
Дизајн на постер: Ана Јачева
Билетите по цена од 350 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Изведбите на претставата се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.
Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова

Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд …