Дали сте упаднале во ЕСЕНСКА ДЕПРЕСИЈА? Ова се симптомите, но и решенија како да се извлечете!

Кај некои луѓе се јавува есенска депресија, која може да влијае на квалитетот на животот, но и на здравјето.
Пристигнувањето на есенските и постудените денови е придружено со мрачно и дождливо време, а недостатокот на сонце може многу да влијае не само на физичката, туку и на менталната состојба на некои луѓе.
Ако вашето расположение опаѓа со доаѓањето на есента, тогаш најверојатно станува збор за есенска депресија.
Есенската депресија е вид на сезонско депресивно пореметување што се јавува кај луѓето за време на есенските и зимските периоди, и обично исчезнува со доаѓањето на пролетта.
Симптомите што укажуваат на есенска депресија се следниве:
– Депресивно расположение и ненадејни промени во расположението
– Замор и губење на енергија
– Проблеми со спиењето
– Главоболка
– Анксиозност, напнатост, нервоза и изразен песимизам

Ако почувствувате некој од овие симптоми, препорачливо е да се консултирате со професионалец, но исто така можете да си помогнете на неколку начини.


Квалитетен сон
Експертите препорачуваат спиење најмалку осум часа, како и заспивање пред полноќ. Добриот сон помага да се справите со вознемиреноста и стресот, вклучително и транзицијата кон есенскиот период.


Дружење со позитивни луѓе
Слободното време го поминувате со пријатели кои се позитивни, а луѓето кои се токсични и пренесуваат негативни вибрации треба да се избегнуваат, особено ако и вие се чувствувате лошо.

Зголемени дневни активности
Намалената дневна светлина е една од главните причини за депресија во есенскиот период, поради што треба да поминувате повеќе време во природа, за да го искористите секој зрак на есенското сонце.
Исто така, за време на престојот во природа, вежбајте, возете велосипед или правете некоја друга физичка активност што ве исполнува, бидејќи научно е докажано дека вежбањето го намалува стресот и го подобрува расположението.

Правилна исхрана
Правилната и урамнотежена исхрана, која е богата со разни витамини и минерали, особено се препорачува во текот на есенскиот период. Храната како банана, јаболка, зелен чај и темно чоколадо имаат позитивен ефект врз здравјето, како и расположението.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …