(ВИДЕО) Постигнал гол за ТВ шпици од речиси половина терен откако издриблал еден играч!

Фудбалерот на Порта направи потег што со години ќе се емитува на ТВ -емисиите во Португалија.
Со победата над Жил Висенте (2:1), Порто остана рамо до рамо до Бенфика, а Мехди Тареми го постигна голот за кој се зборува низ цела Европа.
Иранецот постигна еден од најубавите голови во сезоната досега, во деветтата минута.
Ја освоил топката на средината на теренот и почнал да напаѓа против тројца играчи на домашниот тим. Видел во каква ситуација се наоѓа, а потоа се одлучил за генијалност.
Тој издриблал еден играч, а потоа шутирал речиси од половина терен дури откако го минал кругот на средината од теренот.
Тој го префрлил голманот Жига Фрелих, кој со парадата само направил голот да изгледа многу подобро.

Фото: Принтскрин/Twitter SPORT TV

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …