(ВИДЕО+ФОТО) Во ТВ емисија гостувала потполно гола:„Важно е луѓето да ја слушнат пораката!“

Лора Амхерст се појавила во емисијата „Ова утро“ без ништо на себе, единствено што имала бил натпис посветен на зачувување на Земјата.
Водителите на емисијата, Филип Скофилд и Холи Вилаби, со неа разговарале 8. минути, зборувале за климатските промени, а Лора изразила „загриженост, особено за помладите генерации“.
На прашањето зошто го покажува својот активизам гола, Лора истакнала дека „протестира на таков начин што ќе помогне да се спаси планетата и дека е важно е пораката да стигне до што е можно повеќе луѓе и да направи повеќе за планетата“.
Имено, самохраната мајка на едно дете последните неколку месеци се појавува гола со цел да привлече што повеќе внимание на климатските промени и фактот дека во тој сегмент, како што рекла, „стоиме многу лошо“.

Таа, исто така, отворила профил на страницата „Only Fans“ за возрасни и најавила дека ќе донира дел од приходите на Бунтот за истребување (XR), Гринпис и здруженијата за заштита на животните.

Погледнете ја фотографијата (+18) од протестот во Лондон ТУКА.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …