МИСЛЕТЕ НА ЗДРАВЈЕТО – ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ЛОШИОТ ХОЛЕСТЕРОЛ И ЗАЈАКНЕТЕ ГО СРЦЕТОИ: Тиквата е ПРЕПОЛНА со хранливи материи кои го штитат телото од ЧЕСТИ БОЛЕСТИ!

Неверојатно е здрава, и сега е вистинското време да ја јадете. Тиквата го намалува холестеролот и помага во одржувањето на здравјето на срцето.
Тиквата со право се нарекува „кралица на есента“. Оваа намирница е исклучително здрава, буквално е преполна со хранливи материи што му се потребни на телото за да функционира нормално и да создаде штит од вообичаени болести.
Тиквата е одличен извор на витамини А, Б6 и Ц, магнезиум, железо и калиум, што ја прави една од најкорисните намирници кога станува збор за одржување на здравјето.

Го намалува холестеролот
Фитостеролите пронајдени во тиквата го намалуваат нивото на „лош“ холестерол (ЛДЛ). Ова го покажуваат резултатите од студијата објавена во Националната медицинска библиотека.

Го стимулира варењето
Бидејќи содржи дури 90 проценти вода, тиквата е лесно сварлива, а содржи и влакна. Одлична е за сите оние кои имаат проблеми со варењето бидејќи го стимулира варењето и на тој начин го смирува воспалението на дигестивниот тракт.

Го штити срцето
Тиквата е еден од најдобрите извори на алфа-линоленска киселина (АЛА), омега-3 есенцијална масна киселина која е многу добра за здравјето на срцето. Оваа киселина се претвора во ЕПА, масна киселина која ја има во изобилство кај рибите, а за која е откриено дека ги намалува триглицеридите и спречува промени во срцевиот ритам. Алфа-линоленска киселина во самата исхрана го намалува ризикот од срцеви заболувања и кардиоваскуларниот систем
Неговите семиња се богати со хранливи материи кои исто така помагаат да се подобри здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Спречува кандида
Корејските научници откриле дека протеините од кората од тиква го спречуваат растот на патогените микроорганизми, вклучувајќи ја и кандидата, што предизвикува сериозни здравствени проблеми.

Го регенерира панкреасот
Покрај тоа, кинеските научници откриле дека екстрактот од тиква може да биде од голема помош за пациентите со дијабетес тип 1, бидејќи го стимулира производството на инсулин и ги обновува оштетените клетки на панкреасот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …