АУДИЦИЈА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ПОТОЧИЊА

Најмили другарчиња и почитувани родители, после две години повторно одржуваме Аудиција за прием на нови членови – учесници на ПОТОЧИЊА 2022.

Аудицијата е отворена за сите деца на возраст од 5 до 10 години, а поради моменталната ситуација со коронавирусот истата ќе се одржи во онлајн формат на следниов начин;

Потребно е да ни испратите видео, не подолго од 60 секунди, на коешто детето пее една омилена песна по сопствен избор. Ќе се разгледуваат видеата кои ќе бидат испратени во INBOX на Фејсбук Детски фестивал Поточиња и на Инстаграм профилот https://tinyurl.com/potocinja

Аудицијата е отворена од 25 септември до 2 октомври 2021 година.

Ќе се разгледуваат видеата испратени во INBOX единствено од профили на полнолетни лица – родители/старатели на детето. Со самото испраќање испраќачот се согласува видеото да биде користено за потребите на Аудицијата, додека Пап продукција се обврзува видеото да не го објавува јавно и да не го користи во ниту една друга цел, освен за потребите на Аудицијата.

Време е да пееме, време е да се забавуваме

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …