(ФОТО) Кој се вози зад Роналдо низ Манчестер?

КРИСТИАНО РОНАЛДО сосема очекувано привлекува внимание каде и да се појави во Англија и пошироко.
Англиските медиуми го следат секој чекор на Португалецот откако летово пристигна на „Олд Трафорд“ од Јувентус за 25 милиони евра. Следат се’ што прави Роналдо на тренинзите, со кого се дружи и секој негов чекор на теренот и надвор од него.
Така, фотографи на англиските таблоиди денеска го фотографираа мини караванот на Роналдо на пат кон тренинг центарот на Јунајтед. Португалецот беше фотографиран во нов Bentley Flying Spur вреден 220.000 евра, а зад него беа снимени двајца, како што пишуваат Англичаните, „мистериозни“ мажи кои го следеа во Range Rover.

Ова се личните телохранители на Роналдо кои неколку години ги следат стапките на една од најголемите светски sвезди со цел да се избегне непријатност. Телохранителите биле со Роналдо и додека играл за Јувентус, а особено го следат во Англија, каде Португалецот ужива статус на божество. Наводно, Роналдо не оди никаде без нив, и тие биле со него кога летал за Англија при враќањето во Јунајтед.
Роналдо го пропушти вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем во рамките на Купот Карабао. Гостите славеа 1:0 со голот на Ланзини во 9. минута. Јунајтед во сабота ја пречекува Астон Вила во рамките на 6 -то коло од Премиер лигата.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …