(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон на Ферстапен: „Не е лесно да се бориш за титулата“. Макс: „О, ужас, навистина се плашам!“

ЛУИС ХАМИЛТОН и Макс Ферстапен влегоа под кожа еден на друг по сударот на Гран при на Италија, каде што и двајцата мораа да се откажат.
Ферстапен налета на Британецот во свиок и буквално му слета на главата, но за среќа Хамилтон практично мина без повреди. Актуелниот светски шампион по трката изјави дека не му е грижа и дека го боли вратот, на што техничкиот советник на Ред Бул, Хелмут Марко рече дека Хамилтон претерал.

„Не, не реков дека за малку ќе умрев, но претпоставувам дека е јасно дека ако болид ти слета на глава, не е многу удобно. Се работи за милисекунди каде што се може да заврши поинаку, затоа сум благодарен што добро минав вратот ме повреди. И отидов на лекар“, рече 36-годишниот Хамилтон, кој претходно изјави дека Ферстапен бил малку невнимателен во несреќата.

Откако излезе од автомобилот, Холанѓанецот само го помина Хамилтон без да провери дали се е во ред со него, поради што беше критикуван на социјалните мрежи. Нивното препукување продолжи во пресрет на ГН на Русија, што се вози во Сочи викендов.
„Мислам дека луѓето малку претеруваат. Го погледнав и видов дека се враќа наназад и се обидува да го повлече својот автомобил под мојот, а не го правете тоа ако имате некој проблем. Покрај тоа, ден – два подоцна леташе на гала вечера во Њујорк, така што мислам дека е доста добро“, рекол Макс.

Хамилтон: Знам како му е
Хамилтон после тоа рече дека не е лесно да се биде во борба за титулата и дека е многу поискусен во тој поглед од 13-години помладиот Ферстапен.
„Знам како се чувствува и каков притисок носи. Знам дека нема да признае и нема да кажам дека се чувствува така, но се сеќавам како ми беше првпат. Тешко е, тешко е и вашите емоции постојано се мешаат. Јас порано бев најдобар во тоа, што е сосема разбирливо. Тоа е огромен притисок ако возите за голем тим, очекувањата се огромни, а вие очекувате многу од себе. Во овој спорт сум многу долго време и знам како да се справам со тоа, но на почетокот ми беше тешко“, рекол Хамилтон.

На Ферстапен не му требало многу време да одговори.

“О, ужас, се тресам и не можам да спијам! Страшно е да се борам за светската титула, го мразам тоа”, иронично рече Холанѓанецот, додавајќи:
“Неговите коментари покажуваат дека тој воопшто не ме познава бидејќи во спротивно би знаел дека сум максимално опуштен и дека едвај можам да се нервирам за такви работи. Се чувствувам одлично и имам можност да возам со најдобриот болид и да се борам за победа секој викенд. Тој не ме познава. и тоа е во ред затоа што и јас не мора да го знам. Фокусиран сум само на себе и мило ми е што борбата за титулата е толку неизвесна и се надевам дека и во иднина ќе биде така“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …