(ВИДЕО+ФОТО) СПОРТСКИОТ ДУХ НА ИДНАТА КРАЛИЦА: Кејт Мидлтон изненадила со стајлингот и вештините!

Ако размислувате да ја обновите вашата колекција обувки, чизмите на Кејт Мидлтон можат да послужат како одлична инспирација за пазарење.
Војвотката од Кембриџ е олицетворение на елеганција. Нејзиниот стил е софистициран, елегантен и што е најважно, таа секогаш се облекува соодветно за приликата или настанот на кој се појавува. Кога е на свечен прием, таа носи балски фустан, а секогаш кога може, избира пообична облека и соодветно удобни чевли.

За активен ден поминат во Националниот парк Лејк Дистрикт, таа носела чизми до глуждот кои, покрај тоа што се идеални за одење, се одличен избор за сите дами кои водат бурен начин на живот.Кејт претпочита тесни фармерки кои ги истакнуваат нејзините беспрекорни нозе, па ги носела и овој пат. Стајлингот го надополни со маслинесто зелена јакна од пердуви.


Идната кралица на Англија често ги користи таквите можности за да се испроба во нови спортови, па овој пат се обидела да вози велосипед по ридски и калливи терени, но и вештина за искачување.


Подоцна, наместо спортска јакна, таа носела карирано сако, кое го комплетирала со тенок краон појас, што дополнително ја истакнал нејзината половина и беспрекорната линија.


Изгледа дека одлично се забавувала, а нејзината природна насмевка на фотографиите секако го докажува тоа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …