(ВИДЕО+ФОТО) Приказната за тиктокерката која за три месеци се здебелила 22. килограми станала вирална – не е од јадење!

Тиктокерката Калиста Двајер им рекла на своите придружници дека необјасниво се здебелила 22. килограми за само три месеци.
Секој пат кога јадела би била екстремно надуена, рацете и биле отечени и била крајно уморна. Во видеото, таа раскажала дека шест пати отишла во Итна помош, имала две колоноскопии и две ендоскопии, еден од докторите што ја прегледале открил дека нејзините симптоми се едноставно психосоматски.
“Стомакот ми беше како балон. Многу пати луѓето ме прашуваа дали сум бремена. Тоа најмногу ме повреди”, рекла Калиста.

@kalistadwyernow we heal 🥺❤️ #bloat #bloated #bloating #bloatedstomach #bloatingtips #holistichealth #holistichealing #stomachproblems


♬ original sound – kalista dwyer


“Докторот на крајот ми рече дека е психосоматски и направи се што може за да ми помогне. Користев осум лекови, но ништо не ја ублажи болката. Се чувствував поразена бидејќи морав да живеам вака, не знаев што ми е. Се здебелив. Не направив и не сменив ништо во исхраната или начинот на живот. Никој не ми веруваше дека нешто не е во ред со мене“, додала таа.
Работите почнале да се менуваат откако Калиста посетила друг лекар, кого го сметала за последна надеж. Откако му кажала се, докторот ја испратил Калиста на анализи и му требал еден месец да открие што навистина се случува со неа.

Конечно, тој заклучил дека Калиста има бактерии во стомакот, дека страда од прекумерен бактериски раст во тенкото црево, дека има габична инфекција во цревата и дека страда од синдром на нервозно дебело црево. Исто така, докторот заклучил дека тиктокериката има нетолеранција кон ориз, компири, пченка, авокадо, бадеми, млеко, говедско, свинско, брокула, пекарски квасец, домати и аспарагус.
Уште откако ја добила дијагнозата, една година откако се здебелила, Калиста работи бавно за да закрепне.
„Морав целосно да ја сменам исхраната, што не беше лесно, но ќе вреди. По само два месеци правилна исхрана и користење на вистинските лекови, веќе успеав да ослабам девет килограми”, заклучила тиктокерката.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …