Хумор до крај: Еве што одговорила Туцаковиќ на прашањето зошто пуши додека е болна

СРПСКАТА и регионалната јавна сцена се збогува со Марина Туцаковиќ, која почина во неделата. Авторката почина по долга и тешка болест, а нејзините пријатели и колеги се сеќаваат на моменти со неа исполнети со хумор.
Нејзината кума Маријана Петровиќ гостувала во емисијата на Јована Јоксимовиќ и се сетила на последните години од животот на славната авторка. Таа рекла дека Туцаковиќ била бескрајно духовита дури и за време на нејзината сериозна болест.
„Ја прашав зошто пуши, а таа ми рече: ‘А, зошто, да не добијам рак на белите дробови?’“, се сеќава нејзината кума.

Јована Јоксимовиќ се потсетила и на последното интервју што нејзината медиумска куќа го направи со Марина.
„Некој ја праша како е, а таа одговори дека е стабилно лошо“, рекла Јоксимовиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …