(ФОТО) Шерон Стоун ја покажа линијата во костим за капење: „Важно е да се грижите за себе“

64-годишната актерка на социјалните мрежи се пофали со линијата во костим за капење. Таа ја нагласи важноста да се грижите за себе, и доби само комплименти за нејзиниот изглед…
Актерката Шерон Стоун (64) стана позната по улогите како фатални убавици во филмовите „Ниски страсти“ и „Казино“. Иако оттогаш поминаа речиси три децении, сепак привлекува внимание поради негуваниот изглед и витката фигура.
Таа неодамна блесна во Венеција на модниот настан на куќата „Долче и Габана“, а после тоа одлучи да се одмори и накратко да избега од обврските.

На својот профил на Инстаграм, таа сподели неколку фотографии од одморот на непозната локација. Таа позираше во едноделен црн костим за капење и покажа завидна линија.
„Важно е да се грижите за себе“, напиша таа во описот на објавата.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …