„ПРО-ЗА Балкан“: Врачување на наградата „Прозарт“ за Мирча Картареску  

На третиот ден на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата на годинашниот лаереат на наградата „Прозарт“. Наградата за особен авторски придонес кон балканската литература ќе ја прими значајниот романски писател Мирча Картареску. Тој ќе се претстави и со дел од своето творештво.

Гостите на фестивалот: Миљенко Јерговиќ, Јоана Николае, Оливера Ќорвезироска, Анте Томиќ, Калин Терзиски ќе читаат извадоци од своето творештво.

Во придружната програма „Musicians’ cut“ ќе настапат Гоце Јованоски и Андреа Мирческа, кои ќе изведат експериментална звучна импресија од филмот „Устав на Република Хрватска“, снимен по сценарио на Томиќ.

На 22 септември, фестивалот организира дополнителна програма во книжарницата „Буква“ во Скопје од 20 часот. Александар Прокопиев ќе зборува за творештвото на Гојко Божовиќ, а двајцата заедно, пак, ќе зборуваат за делото на Даниело Киш.

Интернационалниотлитературенфестивал „ПРО-ЗА Балкан“ го поддржаа: „Традуки“, Министерствотозакултура, ДелегацијатанаЕвропскатаУнијавоСкопје, ГрадСкопjе, амбасадатанаРоманија, Спона, Кинотека. Организаторнафестивалот е издавачкатакуќа „Прозартмедиа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова

Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд …