Одбележување на Европски денови на културно наследство 2021 во Националната галерија

Европските денови на културнотo наследство претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Низ повеќе од 70.000 настани што се организираат во пеесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција, оваа сеевропска иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото – европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство пераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа.

Темата на овогодинешното издание на манифестацијата, прифатена низ цела Европа, е „Инклузивно наследство“. Се предвидува ценралното одбележување на Европските денови на културното наследство во нашата земја да се одвива во периодот од 22 до 28 септемви 2021 година.

Во соопштението за медиумите на Советот на Европа по повод овогодинешното одбележување, генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ изјави: „Креирањето на споделени искуства преку културата и уметничкото изразување претставува моќна алатка за засилување на социјалната кохезија, почитувањето на различностите и човековите права за сите. Демократското партиципирање во културата е клучен инструмент во постигнувањето на овие цели. Европските денови на културното наследство придонесуваат кон градење на мостови, славејќи го богатството на европското културно наследство, и тие ни даваат извонредна можност да го истражуваме и осознаваме  мозаикот на култури од коишто се состои Европа. Исто како и слободата на изразување, слободата на културно изразување е суштествена за креативноста и збогатувањето на културниот живот“. За оваа цел, Собранието на ЕДКН ја подготви брошурата 101 ИДЕЈА за инклузивно наследство. Брошурата е достапна на следниов линк:

https://www.europeanheritagedays.com/sites/default/files/2021-04/Heritage%20All%20Inclusive%20-%20European%20Heritage%20Days.pdf

Европската унија, 2021 година ја прогласи за Година на железниците.

Националната галерија традиционално зема учество во одбележување на манифестацијата на европско ниво. Како дел од целокупната Програма партиципираме со следните содржини:

ДАУТ ПАШИН АМАМ

  • 22 до 28 септемви 2021

“Постојаната поставка на Националната галерија- постулат за растеж на македонската култура (1951-2021)”

  • 28 септемви 2021

Едукативна работилница според изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021) со деца бошњаци, по повод Меѓународен ден на бошњаците, едукатор Маја Димитрова

 

ЧИФТЕ АМАМ

  • 22 до 28 септемви 2021

Инсталација во простор „ГЛУВА СОБА“ на Стојан Павлески

 

МАЛА СТАНИЦА

  • 22 до 28 септемви 2021

„ДОПИРОТ“, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

  • 22 септември 2021

„Допирот“, „Иднината е овде I: Одржливо производство на хартија“, работилница со ученици од програмата за меѓународна диплома од Училиштето „Јосип Броз Тито“, инструктор: Ана Јовановска

  • 23 септември 2021

„Допирот“, кураторско водство низ изложбата, 11.00 часот

  • 24 септември 2021

„Допирот“, работилница за деца со посебни потреби од Училиштата за оштетен слух и говор ДУЦОР „Партениј Зографски“ и за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“ под наслов „Прифати го другиот и освести ме“, инструктор: Маја Димитрова

  • 27 септември 2021

„Допирот“, уметникот во разговор „Кога уметноста и науката се преклопуваат“, онлајн дискусија, платформа zoom, 18.00 часот

Учесници: Елпида Хаџи – Василева, уметник и Аластер Форбс, научник, модератор – Ана Франговска

Напомена: онлајн следењето не е ограничено, но е потребна претходна регистрација

Национална галерија на Република Северна Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова

Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд …