(ВИДЕО) Студентка го снимила домот во кој живее – не е тешко да се види зошто призорот многумина шокирал

ПО напорниот работен ден, нема ништо подобро од одмор на столче на балконот и земање свеж воздух. Но, што ако балконот е внатре во куќата?
Видеото објавено на TikTok од страна на корисничката Рејчел ги згрозило нејзините следбеници поради необичниот призор што можел да се види.
Во видеото, кое е прегледано повеќе од три милиони пати, Рејчел на гледачите им го покажа студентскиот комплекс во кој живееше, а многумина биле изненадени кога виделе балкони пред вратата на собите во ходникот.

@rayyy.of_sunshine??? just so weird #scary #fyp #viral #abandoned #virginiatech

♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects

„Очигледно има балкони бидејќи некои простории буквално немаат прозорци а тоа не ги исполнува прописите за пожар. Но, ако имаат балкон, тогаш е во ред, бидејќи ако има пожар, тогаш можат да скокнат од тој балкон”, објаснила Рејчел.
Многумина го споредиле видеото со хорор сцена.
„Изгледа како некој вид пост-апокалиптичен центар за домување за преживеани“, се пошегувал еден коментатор.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …