(ВИДЕО) Пејачот на позната група проодел после 30 години!

Џеф Бесер бил ранет во вооружен грабеж, по што останал парализиран.
Џеф Бесер, пејач и басист на американската група за дет метал „Possessed“, повторно прооде за прв пат по 30 години.
Во 1989 година, музичарот бил ранет во вооружен грабеж, по што останал парализиран од градите надолу. Со децении тој беше врзан за инвалидска количка.
Во новото видео објавено на Инстаграм страницата на групата, можеме да го видиме Бесер како ги прави првите чекори по несреќата, со помош на роботски нозе.
„Одев повторно! Одев повторно за прв пат по повеќе од 30, години со помош на роботски нозе”, напишал тој под видеото.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …