(ВИДЕО+ФОТО) Самохрана мајка преуредила стара куќа во модерен простор за 3.000 фунти

Викторија Робинсон (34) од Хертфордшир ја претворила старата куќа во модерен и шик простор за само 3000 фунти.
Викторија и нејзините две деца, Џесика (7) и Амбер (4) изнајмиле стара куќа со три соби за околу 600 фунти месечно. Куќата била темна, со стари дрвени површини, кафеав мебел и плакари.

За само 3.000 фунти, таа го променила просторот така што самата го извршила најголемиот дел од работата.

На својот профил на Инстаграм, таа ги информирала пријателите и познаниците за нејзините чекори, вклучувајќи парчиња мебел што ќе ги нашла на распродажба.
Во една од објавите, таа објави и фотографии на кои се гледа како изгледала куќата порано.

„Инвестирав толку многу за да ја направам оваа куќа вистински дом за моите девојчиња. Уморна сум и количината на стрес што беше таму сега се исплатеше, затоа што имаме дом совршен за нас. Направив се сама и сум неописливо горда. Без ничија помош. Поминав долг пат за кратко време”, напишала таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …