(ФОТО) ЗА НИВ Е СНИМЕН ФИЛМ – СЛУЧАЈНО СЕ ЗАМЕНЕТИ ВО ПОРОДИЛИШТЕ А КОГА СЕ ДОЗНАЛА ВИСТИНАТА ОДГЛЕДУВАНИ СЕ КАКО СЕСТРИ: Неверојатна приказна!

Неверојатната животна приказна на две девојки (23), кои случајно биле заменети при раѓање во сицилијанска болница, ја открива посебната врска на нивните мајки кои ја откриле грешката кога девојчињата имале три години. И’ особено – одлуката што ја донеле.
Катерина Аланија и Мелиса Фодера (23) како бебиња родени во Сицилија биле заменети.
Целата приказна започнува во болницата Mazara del Vallo во Сицилија. Катерина и Мелиса се родени на само 15 минути разлика во истата болница на 31. декември. Грешката ја направиле медицинските сестри, кои славеле Нова година.
Бебињата биле дадени на погрешни мајки и тие пораснале во погрешни семејства.
Иако мајките веднаш забележале дека бебињата носат бенкички што не се нивни и кои не им се познати, нивните сомнежи биле разбиени со помислата дека се измешала само гардеробата, односно бенкичките.
Грешката била откриена кога девојчињата имале три години. Маринела Аланија (51) дошла во градинка да ја земе ќерката и го забележала малото девојче Катерина, која неверојатно личела на нејзините други две ќерки. Чувството не и дало мир.
Таа го гледала девојчето секој ден, а кога ја видела нејзината мајка, Жизел Фодера (47), веднаш се сетила на неа од породилиштето.

Таа станала многу сомничава и 15 дена подоцна направила ДНК тест.
Иако се сомневала кога пристигнале резултатите, таа била шокирана.
„Сето тоа беше нереално, изгледаше невозможно“, рекла таа.

Преку ДНК тестот, двете семејства ја откриле запрепастувачката вистина. По болното сознание, двете мајки ги зеле работите во свои раце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …