(ФОТО) Глумицата отворено за борбата со ендометриозата:„Ми ги отстранија матката и слепото црево!“

Познатата актерка и sвезда на многу комедии, Ејми Шумер, се опоравува по операцијата на ендометриоза.
Американската актерка и модна блогерка Ејми Шумер (40) се опоравува по операцијата на ендометриоза.
Откако и беше дијагностицирано ова нарушување, кое претставува присуство на ткиво на слузницата на матката (ендометриум) надвор од празнината на матката, Ејмии морала да се подложи на операција за отстранување на матката и слепото црево.
Таа сега, на Инстаграм, детално опишала како изгледа оваа операција.
„Лекарот откри дури 30 делови од ендометриоза, кои потоа ги отстрани. Покрај матката, ми го отстрани и слепото црево, бидејќи беше нападнат од ендометриоза. Имаше многу, многу крв во мојата матка и сеуште боли”, напишала таа во описот на сликата на Инстаграм.

Ова не е првпат актерката, на која и беше дијагностицирана аденомиоза, (гинеколошко пореметување), и Лајмска болест, да биде искрена за своите интимни проблеми и проблеми со плодноста.
Инаку, Ејми го роди својот син Ѓене во мај 2019. година, но само седум месеци по исклучително тешката бременост, таа била и на ин витро оплодување. Таа и нејзиниот сопруг Кирш Фишер сакаат уште едно дете, но тоа било неуспешно.

„Се подложив на ин витро оплодување минатата недела и се чувствувам целосно исцрпена физички и емоционално. Ако некој го поминал тоа и ако може некој да ми даде совет, слободно давајте”, напиша таа на својот Инстаграм со фотографија од болниот стомак.
Поради сите дијагнози и компликации, таа морала да се откаже од идејата за цторо дете, а сега, за жал, нема да може да го добие поради отстранетата матка.

Како што открила еднаш, има замрзнати јајни клетки и ќе одлучи „на кој начин да му даде брат или сестра на Ѓене“.
Иако таа не го напишала ова, се чини дека Ѓумер и нејзиниот сопруг размислуваат за сурогат мајка како единствена преостаната опција.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …