Почина Марина Туцаковиќ

Текстописецот Марина Туцаковиќ почина на 68 -годишна возраст, потврдил нејзиниот син Милан Лака Радуловиќ.
Марина Туцаковиќ со години се бореше со ракот на дојката. Пред неколку дена, неа и бил дијагностициран коронавирус, поради што била хоспитализирана во КБЦ Драгиша Мишовиќ.

Марина е родена на 4. ноември 1953. година во Белград. Почнала да пишува музика на деветнаесетгодишна возраст, прво за поп и рок изведувачи, а потоа и за народни пејачи.


Се омажила за музичарот и композитор Александар Радуловиќ Фута, со кого имаше два сина, Милан и Милош. Милош беше пронајден мртов во својот стан во 2008. година, а Марина никогаш не се опорави целосно од губењето на синот.
Во почетокот на 2018 година, неа и беше дијагностициран малигнен тумор на дојката, по што беше оперирана, а јавно беше поддржана од бројни колеги.

Марина Туцаковиќ ја започна својата кариера соработувајќи со групата Зана, за што го напиша хитот Додирни ми колена, кој претрпе бројни преводи. Инаку, таа соработуваше со музичари од српското говорно подрачје. Таа е авторка на стиховите на песните на Цеца, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, групата Зана, Тоше Проески, Џеј, Жеjко Самарџиќ, Аца Лукас, Саша Матиќ, Милиграм, Жељко, Јоксимовиќ, Ана Николиќ, Северина, Неда Украден, Наташа Беквалац, Оливер Мандиќ, Слаѓана Милошевиќ, Харис Џиновиќ, Тања Савиќ…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …