Златка од „Лајка“ ги порасна фрлените кутриња од Расадник-сега тие се подготвени за вдомување

Улична кучка, која по пријава беше заловена од тимот на ЈП „Лајка”, откако ги загуби нејзините тукушто родени кутриња, згрижи мали непрогледани кутриња кои биле фрлени на нива во скопската населба Кисела Вода, Расадник. Осумте малите кутриња, кон крајот на јули годинава биле фрлени на нива од страна на несовесен граѓанин, на температури од 40 степени Целзиусови, а тие веќе го земале последниот здив. Три од нив не успеале да преживеат.

Првично, кутрињата беа згрижени од страна на здружението Асоцијација на активисти за права на животни-ААПЖ. За среќа, токму во истиот период тимот на „Лајка” залови кучка во лактација која ги загубила нејзините кутриња, а беше пријавена од страна на граѓани.


Ние се понудивме да ги земеме малите кутриња, за да видиме дали кучката ќе ги прифати. Се случи токму она на што се надевавме. Па така, веќе месец и половина, уличната кучка Златка се грижи за малечките кучиња, ги храни и ги чува како да се нејзини, нешто што докажува дека мајчинскиот инстинкт и потребата да се спаси нечиј живот работи кај животните, еднакво како и кај луѓето.


Сиот овој период тимот на „Лајка” живее со ова прекрасно семејство кое ни ја направи нашата работа уште поубава. Уличното куче Златка успеа да ги одгледа малите Вилма, Мила, Оги, Цеца и Белка, кои се веќе подготвени да бидат вдомени, со оглед на тоа што се хранат самостојно, прочистени се од паразити и ја имаат примено првата вакцина.

Овие наши пет хероини, заедно со најголемиот херој, нивната сурогат мајка, се во потрага по дом, а сите заинтересирани можат да поднесат апликација за вдомување на следната адреса vdomi@lajka.com.mk.

Се надеваме дека во иднина нема веќе да се соочуваме со настани од ваков тип и повикуваме на одговорно сопствеништво, односно стерилизација/кастрација на милениците, доколку сопствениците не можат да се грижат за нивниот пород. Да се фрлаат непрогледани мали кутриња по улиците е крајно нехуман и неодговорен чин, кој оди на штета на целото општество. За среќа, а за разлика од многу други, петте наши госпоѓици преживеаја една голгота и сега се во потрага по нов дом, каде што ќе им се пружи љубов и внимание.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …