(ФОТО) Лиам Галагер испаднал од хелихоптер – фотографијата од повредата ја објавил на Твитер

Лиам Галагер, 48-годишен поранешен фронтмен на Oasis, на своите обожаватели им открил дека паднал од хеликоптер по настапот на фестивалот на островот Вајт, споделувајќи фотографија од повреденото лице на Твитер.
Галагер се споредил со Кит Мун, покојниот тапанар на групата Who, кој беше познат по своето диво однесување и се пошегувал дека фотографија од неговото лице со модринки може да биде насловна страница на неговиот следен соло албум.
„Видете го ова, паднав од хеликоптер синоќа, не може се да помине глатко, кој вели дека рокенролот е мртов. Кит Мун, изеди ја кожената мембрана на тапанот, ајде, ме познавате”, напшал Лиам во описот на фотографијата.

 

На прашање на обожавател од која висина падна, Галагер на шега одговорил: „Со 100.000 стапки“ (30.000 метри).
Наскоро ќе биде прикажан нов документарен филм „Oasis Knebworth 1996“, со кој ќе се прослави 25. години откако Оазис одржа два концерти во паркот Кнебворт.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …