Малку поинаков тест на личноста: Која БОЈА прво ја ЗАБЕЛЕЖАВТЕ на оваа СЛИКА?

Бојата што ја забележавте прво ќе ви каже многу за вашата личност.
Тестовите базирани на лично искуство на илустрации и слики, како и оптички илузии, се лесни, брзи и доста прецизни, сметаат психолозите. Тоа е само една од причините што се толку популарни, особено на социјалните медиуми.
Покрај вежбањето на нашите ментални способности и вид, тестовите како овој се многу забавни, бидејќи можете да откриете нешто ново за себе и за вашата личност.
Погледнете ја сликата и во текстот подолу пронајдете ја бојата што прво ја забележавте и прочитајте што симболизира.


Темно сина
Ако прво забележите темно сина боја, тоа е знак дека сте перфекционист. Сакате да анализирате се’ и вие сте многу добри во тоа. Никогаш не донесувате избрзани одлуки и секогаш ги земате предвид сите факти. Внимателно ги избирате пријателите, само кога ќе се покаже дека нивните постапки ја заслужиле вашата лојалност.
Романтиката не е ваша јака страна, што не значи дека сте лишени од емоции, едноставно не ги ставате на прво место. Естетиката ви е многу важна во се, вклучително и при изборот на партнер.


Жолто-зелена
Жолто-зелено значи дека вашето животно мото е реченицата: „Ќе го направиме тоа лесно“. Вие сте опуштена личност која не страда од притисок, и не се потресувате без причина. Можете лесно да се прилагодите на секоја ситуација бидејќи секогаш гледате во „поголемата слика“.
Само затоа што ги прифаќате луѓето со сите нивни недостатоци и доблести, не значи дека не ги гледате реално. Во љубовта, лишени сте од љубомора и суета, но поради тој лежерен став, често „страдате“.

Тиркизна
Ако првпо забележавте тиркизна боја, тоа значи дека во се гледате уметност. Вие сте креативни и имагинативни и сте украсени со љубопитен ум. Секогаш барате нови авантури, уживате кога откривате нови работи, без разлика дали се работи за јадења што никогаш не сте ги пробале или земји што никогаш не сте ги посетиле.
Ризикот ве привлекува, поради што не сте идеален партнер за оние кои сакаат стабилна врска. Се заљубувате лесно, но и брзо се „разладувате“.


Фото: Принтскрин/BRIGHTSIDE.ME

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„НЕ МИ СЕ ИСПЛАЌА! Џорџ Клуни одбил 35. милиони долари за еден ден работа

АКТЕРОТ Џорџ Клуни изјавил дека еднаш му биле понудени 35. милиони долари за еден работен …